ICSI метода

ICSI методата, за разлика од класичната IVF метода, се користи во случаите каде спермата е со послаб квалитет и неможе самата да го изврши оплодувањето, па потребно е директно вбризгување на сперматозоидот во јајце клетката со помош на микропипета.

Целта на овие лабораториски методи е добивање на ембрион кој успешно се развива. По 3 дена ембрионот го достигнува стадиумот на морула, кога и најчесто се враќа во матката на жената со 15-30% успех. Ние имаме за цел да ги одгледуваме ембрионите до 6 дена од оплодувањето, до стадиумот на БЛАСТОЦИСТА, која има успех на имплантација од преку 60%.