IVF – Ин витро оплодување

IVF (ин витро оплодување) е класична метода на оплодување на јајце клетките со нивна инсеминација, со претходно обработена сперма, во ин витро услови. Кај овој начин на оплодување сперматозоидите по природен пат навлегуваат во јајце клетката. Поради тоа оваа метода поставува услов на солиден примерок на сперма.