IVM – Ин витро создавање

IVM (ин витро созревање) е метода кај која не се користи хормонска стимулација на жената.

Јајце клетките се превземаат во тек на природниот менструален циклус и потоа се дозреваат во ин витро услови. Хормоните се додаваат директно на клетките во лабораторија и со тоа се избегнуваат сите непожелни ефекти од хормонската стимулација на жената.

Оваа метода е првпат промовирана во нашата држава од Ултрамедика.

 

Предности на IVM методата: »

1. Избегнување на ризиците од оваријалниот хиперстимулациски синдром.
2. Избегнување на негативните ефекти на гонадотропин рилизинг хормонот и гонадотропинските хормони.
3. Зачувување на раните фоликуларни јајце клетки, со што истите не се губат непотребно